Трговија
easyPOS е апликативен софтвер наменет за ресторани и компании кои имаат промет од помал обем и чија дејност се извршува на една физичка локација . Овозможено е работа од повеќе компјутери истовремено од кои еден е сервер а другите се каси. На серверот можеда се користат сите можности на програмот додека на касите може да се врши само малопродажба (фискални сметки). На компјутерите од кои се користи easyPOS не е потребно да биде инсталиран лиценциран софтвер (Windows), може да работи подеднакво добро на Linux чија лиценца е бесплатна.
easyPOS е софтвер чија задача е да овозможи целата документација која настанува како резултат на работењето на компанијата да биде навремено, уредно, лесно и законски исправно изготвена. Користејќи точна и уредна документација easyPOS изготвува и повеќе извештаи кои овозможуваат информирање на менаџерот за секој аспект на работата накомпанијата, извештаи кои се потребни на сметководството како и инспекциските служби.
easyPOSсодржи:
Шифрарници:
- Евиденција на артикли со шифра, назив, баркод, нормативи/рецептури
- Групирање на артикли во групи, подгрупи итн.
- Евиденција на коминтенти со шифра, назив, адреса, контакт информации со можност за диференцијација на коминтенти и доделување засебни ценовници
- Креирање на редовен ценовник, неограничен број на посебни ценовници
- Организирање на акциски, сезонски, дневни и други видови попусти на артикли или групи на артикли
- Креирање на различни типови на документи по желба со соодветни карактеристики зависно од потребите на компанијата
- Специјални баркодови за ваги кои печатат налепници со измерен артикал и количина
- Евиденција на корисници на системот со различни нивоа на пристап до опциите
Материјално работење:
- Набавки од домашни добавувачи со Приемници (увоз не е поддржан)
- Производство преку дефинирање на производи и рецептури за нивно производство од суровини или други артикли со Работни налози за производство (склопување) или расклопување
- Корекција на залихата преку попис и записници за изминати рокови на траење и други причини
- Продажба на големо преку Испратници/Фактури, Консигнации, Реверси (извоз не е поддржан)
- Продажба на мало преку Фискални сметки, Сметкопотврди, Одложено плаќање
- Поврат на продадени артикли од купувачи преку Повратници или Сторни сметки
- Креирање на Нарачки кон добавувачи или од купувачи, Понуди/Профактури со автоматско генерирање Испратница/Фактура по прифаќање на понудата
- Пренос на залиха помеѓу магацини, од магацин до продавница и обратно
Комерцијално работење:
- Евиденција на плаќања од купувачи и кон добавувачи
- Евиденција на отворени ставки
- Фактурирање по основ на издадени Испратница или една Фактура од повеќе Испратници
- Доделување на дилерски ценовници за дилери или чести купувачи
- Доделување попусти со процент или номинално и автоматски генерирање на документ одобрение за попуст
- Евиденција на нефактурирани испратници
- Евиденција на плаќања во готово или со платежни картички
easyPOSне поддржува финансиско сметководство но затоа ги обезбедува сите документи кои се потребни на надворешните сметководители и инспекциските служби.
Извештаи:
- Моментална лагер листа како и лагер листа за одреден датум во минатото
- Материјална картица за артикал со целосна хронологија на измените на артиклот
- Детален извештај за продажба преку фискални и нефискални сметки соразлични видови на филтрирања и сортирања како на пример по продавач, смена, час од-до итн.
- Спецификација на продажба преку сите типови на документи и на сите начини со разни филтрирања и сортирања
- Извештај за избришани ставки кој помага да се види кој документ или ставка е избришана од кој документ и чија страна
- Извештај за остварена разлика во цени (разлика меѓу набавната и продажната цена на продадените артикли)
- Извештај за раздолжување со готовина на крајот од работниот ден за секој работник посебно
- Евиденција во трговијата на мало (образец ЕТ)
- Евиденција во трговијата со услуги (обрзец ЕТУ)
- Книга на дневни финансиски извештаи (образец КДФИ)
Операции со фикален принтер:
- Внес и вадење на службени пари од касата преку фискален принтер
- Скратен и детален периодичен извештај за прометот во фискалниот принтер
- Контролен дневен извештај и дневно фискално затворање
easyPOS не е наменет за компании чии деловни локации се наоѓаат на различни оддалечени физички локацииза кои е битно да има само една база. За тоа е наменет програскиот пакет CollabBOX.